| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ загрижена за настанот во Гошинце и бара да се избегнуваат тензии

maja

Европската унија денеска по првпат, два дена по настанот, реагираше за терористичкиог напад на караулата Гошинце во Македонија, извршен од страна на маскирани униформирани на УЧК од Косово. Портпаролката на Европската унија, Маја Коцијанчич, денеска во изјава за дописникот на МИА од Брисел ја пренесе загриженоста на ЕУ за настанот и во име на ЕУ побара од политичките партии во земјата да вложат напори за избегнување  тензии.
– Ние сме загрижени за насилните инциденти во полициската станица во Гошинце, во општина Липково. Од суштинско значење е овој настан да се реши на одговорен начин. Очекуваме властите и политичките партии да вложат максимални напори за да се избегне какво-било зголемување на политичките или меѓуетничките тензии – порача гласноговорничката на неформалната Влада на Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top