| четврток, 6 декември 2018 |

Русија изрази загриженост за инцидентот кај Гошинце

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Руското Министерство за надворешни работи, во своето соопштение објавено вчера, изрази длабока загриженост за нападот врз полициската станица во селото Гошинце, извршен во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, кога 40-члена вооружена група привремено ја зазела станицата.

– Со длабока загриженост ја примивме веста за напад во ноќта на 21 април од група вооружени лица на македонскиот пограничен пункт Гошинце, на косовскиот дел на границата меѓу Србија и Македонија. Инцидентот на македонската граница укажува дека во овој дел на Балканот постојат длабоки етнички тензии и потенцијал за конфликт. Врз ситуацијата првенствено влијае сериозниот дефицит на безбедност и почитување на законите на Косово, што е последица на нерешавањето на косовското прашање во целост. Исто така, треба да се обрне внимание на сѐ почестите големоалбански пароли во регионот. Се надеваме дека македонските власти ќе воспостават ред во овој проблематичен регион и ќе ја добијат неопходната меѓународна поддршка – пишува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението дополнително се претставуваат деталите од нападот, во кој група напаѓачи облечени во униформи на некогашната Ослободителна војска на Косово ги разоружаа четворицата полицајци во станицата и ги снимале додека ги понижувале и давале политички и етнички мотивирани закани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top