Вчера во 12.30 часот на ул. „Маршал Тито“ во Штип, при сообраќајна контрола од страна на полициски службеници од СВР Штип по претходно констатиран сообраќаен прекршок бил запрен моторцикл „сузуки“ без регистарски ознаки управуван од А.Ш.(29) од село Радње, општина Карбинци, по што тој почнал да му упатува навредливи зборови на еден од полициските службеници, оневозможувајќи го да преземе службено дејство.
Од страна на уште двајца полициски службеници било интервенирано при што биле физички нападнати од страна на С.Ш.(26), исто така, од село Радање.
Лицата се приведени и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.