| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ќе ги враќа имигрантите и ќе ги уништува бродовите

Italian naval vessel rescues some of the African immigrants, April 19, 2015 reut Тајниот предлог-заклучок на состанокот упатува на тоа дека голем број од 150 илјади имигранти што успеаја да го преживеат пловењето преку Медитеранот до Италија, ќе бидат вратени назад. Италијанскиот премиер Матео Ренци свика итен состанок на европските челници на кој би требало да се расправа за унапредување на надгледувањето на европските граници. Повод е несреќата крај островот Лампедуза во која се удавија околу 900 лица.

Целта на состаноко е да се најде решение како да се спасат илегалните мигранти што го ставаат животот во опасност за да допловат до Европа. Тајниот предлог-заклучок упатува на тоа дека поголем број од 150 илјади имигранти што стигнаа до Италија ќе бидат вратени како илегални доселеници. Дел од предлогот овозможува околу 5 илјади од нив да добијат дозвола за да останат во Европа. Се расправа и за тоа имигрантите да се распоредат низ целиот континент, но се споменува и радикален воен приод- откривање и уништување на бродовите со кои тајно се пренесуваат луѓе, пренесе ББЦ.

TOPSHOTS-ITALY-IMMIGRATION-SHIPWRECKСпоред агенцијата АФП, во дел на документот се наведува „обврзување на европските лидери да преземат системски акции за идентификување, лоцирање и уништување на бродовите пред трговците да ги злоупотребат имигрантите“. Притоа веднаш се повикува еврокомесарката Федерика Могерини да почне со подготовки за безбедна операција во таа насока, во согласност со со меѓународното право. Планот од 10 точки на ЕУ е одговор за порастот на имигранти и во насока на спречување на нови трагедии, а е поддржан од министрите за внатрешни и надворешни работи.

Покрај зголемување на фондот за европските операции „Тритон“ и „Посејдон“, како наследници на италијанската „Маре Нострум“, ЕУ ќе вложи напори во борбата против бродовите на трговците со луѓе користејќи се со моделот на операцијата „Атланта“ од брегот на Сомалија, опишувајќи ја како комбинирана воено-цивилна операција.

„Амнести интернешнл“ ги повика европските лидери да започнат со хуманитарна операција за да се спречат трагедиите со имигрантите. Кризата ја нарекоа „Европски срам“ и побараа адекватни бродови и авиони кои би патролирале во насока на спасување на човечки животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top