| четврток, 6 декември 2018 |

Загина пешак во тешка сообраќајна несреќа

Седумдесет и седумгодишниот пешак Сребре С. загина во тешката сообраќајна незгода што се случи вчера на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар

До незгодата дошло кога патничко моторно возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки удрил во гостиварецот, кој се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар. Поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје, каде што околу 20.00 часот им подегнал на повредите.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top