| четврток, 6 декември 2018 |

Русија и Аргентина со договор за економска, енергетска и воена соработка

Argentina-to-Host-Russian-Military-Bases-While-America-Sleeps-650x365Владите на Русија и на Аргентина ќе потпишат неколку меѓудржавни договори за економска, енергетска и воена соработка, во рамките на официјалната посета на аргетинскиот претседател Кристина Фернандез де Кирхнер на Русија.

Аргентинската претседателка која денеска пристигнува во Москва, заедно со својот домаќин рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара за натамошното унапрдување на билатералните односи меѓу двете земји членки на групата Г20, а главниот акцент ќе биде ставен врз економската и енергетската соработка со склучување договор за извоз на руски гас и нафта за Аргентина.
Странските посматрачи во Москва посебно се интересираат за воениот дел од соработката, особено за можноста Русија на Аргентина да и даде на лизинг 12 авиони бомбардери со широк радиус на летање, во замена за аргетинско говедско месо и жито, што на руската влада и е важно за да се заобиколат и неутрализираат санкциите од САД и ЕУ наметнати поради украинската криза.
Ваквиот договор меѓу Москва и Буенос Ајрес се уште не е официјално потврден, но ниту една од страните не го демантира, што предизвика вознемиреност во Лондон, поради заканата за безбедноста на Фокландските острови за кои се спорат Аргентина и Велика Британија.
foklandski ostrovi
Британската влада, не чекајќи на испораката на руските бомбардери за аргентинската авијација, веднаш одобри 180 милиони фунти дополнителни средства за зацврснување на одбраната на Фокландите. Двете земји во 1982 година водеа 70 дневна војна за овој архипелаг во Јужниот Атлантик, околу кој сега е откриена и нафта, па во Лондон се стравува дека со руските авиони, Аргентина би можела одново да се обиде да ги освои островите кои уште од 1833 година се британска прекуморска територија.
Официјална Москва досега се држеше настрана во аргентинското настојување да ја придобие светската јавност за „фокландското прашање“ но украинската криза и засилената антируска кампања во британската јавност, Русија најавува дека би можела да ја промени својата позиција.
Минатиот месец  за прв пат беше направена споредба меѓу референдумот во Крим од март минатата година, со кој се оправда анексијата на полуостровот од страна на Русија, со референдумот на Фокландите во есента 2013 година што се одржва за статусот на островите.
Одговарајќи на нападите на британските политичари врз претседателот Путин, за нелегалност на кримскиот референдум и за „грабеж“ на украинската територија, Москва возврати со примерот на набрзина изведениот британски референдум на Фокландите,објаснувајќи го кримското гласање со британското инсистирање за правото на самоопределување и на принципот дека само лугето кои живеат таму, може да одлучат за својата иднина.
Престојот на аргентинската претседателка во Русија е возвратна посета на Крихнер, по минатогодишната посета на Владимир Путин на Аргентина и уште неколку земји од Јужна Америка.
Москва настојува да им покаже на Западот, а особено на САД и големите земји од ЕУ дека Русија не е политички изолирана и дека има деловни партнери и без европските.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top