Чешка продолжува со секојдневната дискриминација на ромските деца во училиштата бидејќи чешката влада сѐ уште не може да се справи со длабоко вкоренетите предрасуди кон Ромите кои постојат во образованието.
Ова се вели во извештајот објавен денеска од страна на меѓународната организација за заштита на човековите права во светот, „Амнести интернешнел“ (АИ), јави дописникот на МИА од Прага.
Според него, Чешка не ги почитува човековите права и законите на Европската унија.
АИ смета дека ромските деца во земјата и натаму се сместуваат во посебни паралелки за деца со ,,лесни ментални нарушувања“, посебни згради и училишта само за Ромите.
– Раширената сегрегација на ромските деца е страшен пример за систематски предрасуди. Училиштата ги водат децата кон дискриминација од рана возраст – се вели во извештајот.
Чешкото Министерство за образование во соопштението испратено до медиумите забележува дека Владата усвои серија мерки во врска со измените и дополнувањата на Законот за образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.