| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица повредени во сообраќајката кај Липково

фото

фото Бриф

 

Четири лица се повредени во судир на три возила што се случил утрово во 7.40 часот на регионалниот пат Куманово – Липково во близина на подружницата на ЈП „Македонски шуми“.

Првото возило марка „БМВ“ управувано од 31-годишниот Б.Ф. доаѓало од Липково кон Куманово, а од спротивната страна биле „опел астра“, управувано од 25-годишниот С.Ц, и комби „волксваген“ управувано од 33-годинишниот М.П. од Куманово.

Како што информираат од МВР, возачот на „БМВ“ добил тешки телесни повреди, неговиот сопатник 45-одишниот Б.А телесни повреди, а повреден е и патникот во комбито Б.Т, роден 1977.

Сите повредени се пренесени во кумановската болница, каде што им е укажана лекарска помош.

На местото на несреќата сѐ уште трае увидот по налог на Основно јавно обвинителство. По завршувањето, ќе се знаат причините и околностите под кои дошло до сообраќајната незгода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top