Русија распореди дополнителен систем за противвоздушна одбрана во Исочна Украина и ги обучува сепаратистичките сили во регионот, соопшти синоќа Стејт департментот.
– Тоа е најголемо количество руско противвоздушно оружје во Источна Украина од август до сега. Во обуката на сепаратистите се користат руски беспилотни летала, што е сигурен знак дека Русија е вмешана – изјави портпаролката на Стејт департментот Мари Харф.
Таа посочи дека Русија испрача и дополнителни воени единици, што е најголемо руско воено присуство на границата од октомври 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.