Диме Спасов, министер за труд и социјална политика, пред гостиварци зборуваше за позитивните ефекти од мерките кои Владата ги спроведува во изминативе години, а со кои се опфатени сите слоеви. Со проектот за еднократен отпис на долговите се отпишани околу една милијарда денари, на 9.500 лица, од кои во Гостивар се над седумстотини.
– Ако со мерките за вработување млади лица работа најдоа 8 илјaди лица, сега сме пред нов предизвик. Со проектот „Македонија вработува“ е предвидено отворање нови 20 илјади работни места, што ќе значи приходи и сигурност за уште толку семејства – рече Спасов.
Мрачните сценарија и деструктивните обиди, истакна тој, нема да нѐ спречат во реализација на дадениот збор и ветувањата во програмата. Посочи и на новите чекори на Владата со кои социјалната помош, наместо ветените пет проценти, во јули ќе биде зголемена двојно, за десет проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.