Со овие трибини сакаме да покажеме дека сме со народот и во време кога неодговорната опозиција наметна ситуација која никој не ја посакува. Нема да дозволиме никој да си поигрува со стабилноста на државата и да ја доведува во прашање нејзината безбедност. Државниот врв и сите институции ја контролираат ситуацијата и решително ќе постапат против оние кои сакаат да ја нарушат.
Ова го истакна членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески на вечерашната трибина во Гостивар.
Ставрески, зборувајќи за актуелните состојби, нагласи дека не е првпат кога СДСМ е во опозиција да ја пренесат нивната неспособност и проблемите во партијата да ги пренесат на државата.
– Ние сме тука да пренесеме порака дека граѓаните треба да бидат мудри, треба да бидат сплотени. Значајно е со мудроста која ја поседуваат да ја оценат состојбата. Сé додека народот е сплотен и додека стои зад нас и ние ја водиме државата, Македонија ќе остане стабилна и безбедна – рече Ставрески.
Потсети на изборните победи, кои, како што кажа, се поддршка од народот на политиките кои владата ги води и проектите кои се реализирани.
Вистината, според Ставрески, не се креира врз основа на телефонски разговори.
– Кога се зборува за вистината, не може таа да се креира врз основа на телефонски разговори кои се прибавени на нелегален начин и креирани на кој знае кој начин. Граѓаните не ги интересира кој за кого и што мисли и разговара по телефон, туку кој и што направил за им се подобри животот, кој отворил 130 илјади нови работни места и кој им отпишал долгови и редици други проекти. На двесетте бомби на опозицијата ние одговоривме со 60 нови мерки во корист на народот – рече Ставрески.
Диме Спасов, министер за труд и социјална политика, пред гостиварци зборуваше за позитивните ефекти од мерките кои Владата ги спроведува во изминативе години, а со кои се опфатени сите слоеви. Со проектот за еднократен отпис на долговите отпишани се околу една милијарда денари, на 9.500 лица, од кои во Гостивар се над седумстотини.
– Ако со мерките за вработување на млади лица работа најдоа 8 илајди лица, сега сме пред нов предизвик. Со проектот „Македонија вработува“ предвидено е отворање на нови 20 илајди работни места, што ќе значи приходи и сигурност за уште толку семејства – рече Спасов.
Мрачните сценарија и деструктивните обиди, истакна тој, нема да нѐ спречат во реализација на дадениот збор и ветувањата во програмата.
Посочи и на новите чекори на Владата со кои социјалната помош наместо ветените пет проценти, во јули ќе биде зголемена за двојно за десет проценти.
Пратеникот Влатко Ѓорчев во неговото обраќање ја поддржа политиката на Владата за која рече дека ја зајакнува економијата и носи стабилност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст