| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот филм „Темна страна на сонцето“ му ги отвори вратите на Бред Пит во Холивуд

Со години  наназад луѓето се воодушевуваат од убавината и сексапилот на Бред Пит и иако веќе не во цветот на младоста, жените се уште го сметаат за еден од најпосакуваните мажи. Меѓутоа, на самиот почеток на кариерата глумел рамо до рамо со српските актери.
Во далечната 1988 година никој немал слушнато за Бред Пит. Иако не бил познат ниту славен, режисерот Божидар Николиќ му дал шанса да заигра во филмот „Темна страна на сонцето“.
Овој холивудски актер го глумел момчето кое има тешко кожно заболување и не смее да се изложува на сонце, а во филмот се појавуваат бројни српски актери. Меѓу најпознатите лица се нашле Горица Поповиќ, Соња Савиќ, а неговата мајка во филмот ја глумела Милена Дравиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top