Објавување на таканаречените бомби на Заев не може да резултира со негово доаѓање на власт, смета Филип Петровски.
Според него тоа, најверојатно, ќе резултира со негово заминување во затвор од две причини. Прво, не му дава никој право, законско, да има туѓи разговори, а второ објавувањето туѓи разговори е, исто така, кривично дело.
Петровски во вестите на „Канал 5“ вели дека тој се става во позиција на врховен субјект надвор од правниот систем.
-Веројатно затоа сега инсистрираат на политичка разрешница, затоа што тие сметаа дека со тие разговори ќе дојде до немири и себе ќе се самоинсталираат на власт. Сега веќе правниот систем полека се затвора и нив веќе ги фаќа паника. Токму затоа мислам дека ќе ескалираат работите водени директно до Заев – посочи Петровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст