| четврток, 6 декември 2018 |

Црна Гора од денеска претседава со Форумот на ОБСЕ за безбедносна соработка

цг

Црна Гора денеска во Виена ќе го презеде претседавањето со Форумот на ОБСЕ за безбедносна соработка (ФСЦ), пренесува порталот на Радио телевизија Црна Гора.

Црна Гора ќе претседава со ФСЦ до јули што, како што се наведува од црногорската Влада, ќе биде шанса да се истакнат основните приоритети на државата во оваа организација во рамки на политичко-воената димензија, кои кореспондираат со ставовите на Европската унија и во предвид ги земаат интересите на останатите држави учеснички во ОБСЕ.

Претседавањето со  ФСЦ ќе придонесе кон целосната имплементација, натамошното засилување и модернизација на обврските на ОБСЕ во воено-политичката димензија, како и донесувањето одлуки за актуелни предизвици со кои организацијата и нејзините држави учеснички се соочуваат, прецизирано е во соопштението од Владата на Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top