| четврток, 6 декември 2018 |

АИ: ЕУ треба да почне хуманитарна операција во Медитеранот

аи

Групата за заштита на човекови права „Амнести интернешнел“ апелира до европските лидери, пред утрешниот итен самит во Брисел, да почнат со хуманитарна операција, за да се стави крај на трагедиите со бродовите со илегални имигранти во Медитеранот.

Во денешниот извештај на АИ се бара итно обезбедување на адекватни бродови, авиони и други средства да патролираат таму каде нечии животи се во опасност.

Европските лидери утре ќе имаат состанок во Брисел посветен на решавање на кризата со илегалните имигранти.

Директорот на АИ за Европа и за Централна Азија, Џон Далхусеин истакна дека утрешниот самит е „историска можност за запирање на спиралата хуманитарни трагедии со големина на Титаник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top