Стокаратен дијамант беше продаден за неверојатни 22,1 милион долари, соопшти аукциската куќа „Сотби“.
Дијамантот е ископан во Јужна Африка, а пред почетокот на аукцијата е проценето дека ќе достигне цена меѓу 19 и 25 милиони долари. Нов сопственик стана анонимен купувач, кој во аукцијата учествувал преку телефон.
Раководителот на Одделението за скапоцени кампања на Сотби Гари Шулер изјави дека овој дијамант претставува дефиниција на совршенството.
– Неговата боја е побела од најбелата и нема никакви неправилности. Толку е проѕирен, што може единствено да се спореди со базен со чиста вода – појасни Шулер.
И покрај своето совршенство, овој дијамант не успеа да ги достигне рекордерите во постигнатите цени. Пред две години на аукција во Хонг Конг бел дијамант од 118.28 карати е продаден за 30,6 милиони долари, додека апсолутен рекордер е совршениот розов дијамант, наречен „Розова ѕвезда“, кој во 2013 година во Женева достигна цена од 83,02 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Аукција на УЈП: Се продаваат автомобили и недвижнини по ниски цени
-
Медалите на Џеси Овенс од Минхен, на аукција