| четврток, 6 декември 2018 |

Еди Рама: Односите со Србија не биле никогаш подобри

рама

Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека неговата изјава за обединување на Албанија и Косово била извадена од контекст, нагласувајќи дека односите меѓу Тирана и Белград никогаш не биле подобри.

Тој во интервју за „Ал Џазира Балканс“ изјави дека „мора да се разбере процесот на интеграција како единствен инструмент за модернизација на нашата реалност, а истовремено да се приближиме едни кон други во големо обединето европско семејство“.

Рама во Брисел истакна дека земјите од Западен Балкан разговараат за заедничко вложување во развојот на инфраструктурната мрежа, што претставува огромен напредок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top