| четврток, 6 декември 2018 |

МИМ: Згрозени сме од атакот врз новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство

Македонскиот институт за медиуми е згрозен од атакот врз новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство, на кого вчера на домашна адреса му беше доставен погребен венец со натпис „Последен поздрав“.

11117220_10155405588295109_8727924675100873539_n

 

– Овој монструозен акт е јасен и недвосмислен повик за насилство не само кон овој новинар и кон неговото семејство, туку и кон сите слободни и професионални медиуми и новинари кои критички ги опсервираат состојбите во општеството – реагираат од МИМ.

Од таму ги повикаа надлежните органи, Министерството за внатрешни работи, веднаш да ги пронајде сторителите, а од институциите бараме недвосмислено да го осудат и јавно да се дистанцираат од овој гнасен чин, кој сериозно ја нарушува безбедноста на новинарите, ги поткопува заедничките напори на институциите и целата професионална медиумска заедница за подобрување на медиумскиот амбиент и испраќа многу лоша слика и порака кон меѓународната јавност за состојбите со слободата на изразување во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top