Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го осудува настанот на кој новинарот Борјан Јовановски е изложен. Вакви настани за ВМРО-ДПМНЕ се целосно неприфатливи и штетни, како лично за новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство, така и за целокупната атмосфера во државата, се вели во соопштението од владејачката партија.
-Во последните месеци видовме повеќе настани во кои новинари беа изложени на местенки, смени од позиции во нивните медиуми, забрани на емисии, физички напади и навреди. Сето тоа штети на новинарството, но и на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ повикува институциите многу одговорно да ги истражат овие настани за да не се дозволи било какви обиди на местенки и манипулации со чувствата на јавноста.
Вчера, во домот на Борјан Јовановски вил донесен венец кој се корисити за погреб. Венецот со натпис „последен поздрав“ бил предаден од непознато лице на сопругата на Борјан, Амернис Нокшиќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст