| четврток, 6 декември 2018 |

МАН: Најостра осуда за заканите кон Јовановски, МВР веднаш да ги најде сторителите

11117220_10155405588295109_8727924675100873539_n
Македонската асоцијација на новинари(МАН) најостро го осудува испраќањето на погребен венец со натпис „Последен поздрав” на домашна адреса на новинарот Борјан Јовановски од извесен испраќач со кодно име Тодор Александров.

МАН смета дека никој не смее да им се заканува на новинарите за вршење на нивната работа, особено не на ваков начин и со вмешување на најблиските од семејството.

МАН смета дека разликите може и треба да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но не треба резултатот да биде навреда и закана по животот.

Истовремено, бараме да не се политизира целиот инцидент со протест пред владата, бидејќи новинарот – е новинар, а не опозиција.

Воедно, МАН бара од надлежните во најкус можен рок да го расветлат случајот, да го најдат сторителот и најостро да го казнат.

Ваквата реакција на МАН следува откако вечерва непознато лице дошло во семејната куќа на новинарот и уредник на НОВА Борјан Јовановски и на неговата сопруга и оставило мртовечки венец со натпис „последен поздрав” велејќи дека „поздравот„ е од Тодор Александров. Дома биле и малолетните деца на Јовановски.

Сопругата на Јовановски настанот го пријави во полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top