Проблематичната актерка, Линдзи Лохан ќе помине 90 дена на рехабилитација поради зависност, а пред да оди во центарот, одморот ќе го помине во друштво на својот колега Чарли Шин.
– Ќе помине една недела со Шин во Лос Анџелес, а потоа сакаат да одат и во Бразил – рекол извор близок на актерката.
Чарли досега неколкупати и помага на Линдзи и ја извлекува од проблеми, и дал 100.000 долари за да го плати долгот за данок, а и се понудил и да биде нејзин ментор.
– Чарли ќе има улога на терапевт, а Линдзи ќе игра пациентка која се вљубува во него – рекол нејзиниот адвокат Марк Хелер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.