| четврток, 6 декември 2018 |

Верушевски и петоосомничениот за „Пуч“ најавија: Ќе биде граѓанска војна

verusevski_zoran

„Ќе биде најверојатно граѓанска војна“ – стои во комуникацијата меѓу првоосомничениот Зоран Верушевски и петоосомничениот Ѓорѓи Лазаревски, обвинети за шпионажа во случајот „Пуч“. Во комуникацијата се одвивала преку Скајп, а беше обелоденета во медиумите, Верушевски го користел името „Оркестар 11“, а Лазаревски „Кока-кола 10а“.

– Стануваме потребни и да не бидам скромен претставуваме нешто што тешко може да се замисли, знаејќи го чадорот не верувам дека ќе останеме заборавени. Напротив имаме големи перспективи, пишува „Оркестар 11“.

„Чадорот“што повеќепати се споменува во комуникацијата, посочуваа аналитичарите, најверојатно ја претставува странската служба, за која работеле и од која очекуваат заштита.

 

29.01.2012 во 23:09 часот

оркестар11: бидете уверени-оваа мака нема да дозволам да ни биде бадијала

оркестар11: би било навистина жалосно да да ја изгубиме оваа позиција која најверојатно добива во квалитет

31.01.2012 во 16:40 часот

оркестар11 : стануваме потребни

01.02.2012 во 09:15 часот

оркестар11: и да не бидам скромен претставуваме нешто што тешко може да се замисли

01.02.2012 во 09.16 часот

оркестар11: знаејќи го чадорот не верувам дека ќе останеме заборавени

09:17 часот

оркестар11: напротив

09:18 часот

оркестар 11: имаме големи перспективи

03.02.2012 во 22:18 часот

оркестар11: ова ќе зоврие

22:19 часот

кока кола10а: можно е да излезе од контрола

оркестар11: навидум овој мир може да експлодира

кока кола10а: ние сме навикнати друг да страда ние сме благонадежни

08.04.2012 во 18:32 часот

оркестар11: ќе биде најверојатно граѓанска војна

18:33 часот

кока кола10а: ќе биде тешко = ама без нас ептен потешко

оркестар11: ајде те чекам деновиве со инфо

кока кола10а: не разбираш колку ми е тешко

оркестар11: да бе мене ми е полесно

02.10.2012 во 23:16 часот

кока кола 10а: знаеш потребно е да имаш поддршка

оркестар11: јас сакам да верувам во тоа, а за поддршка сега ја имаме

кока кола10а: и на што личеше тоа

оркестар11: до сега бевме десперадоси

кока кола10а: си му дал се на идиотот не ме припреми

23:17 часот

оркестар11: околностите беа неверојатни

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top