| четврток, 6 декември 2018 |

Се јави Бранко, еден ден подоцна се случи Гошинце

BD24695475BE8A4791AB037F1EBAD6FA

Молчеше две години и по две години се јави Бранко Црвенковски. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е во подготовка на ново, насилно и крваво сценарио, Црвенковски застана зад него. Повика да се средат несогласувањата во партијата, но го охрабри и Заев да продолжи така, а тој лично, со својот син, ќе застанел во првите редови на насилни протести кои СДСМ би ги организирал. Се јави Бранко даде поддршка на сценариото на Заев и ден подоцна почна да се повторува 2001 година. Тогаш Танушеци, денеска Гошинце.

До вчера Црвенковски ништо не коментираше. Не сакаше да даде никаква изјава за ниту едно случување на македонската политичка сцена. „Република“ во неколку наврти бараше интервју од Црвенковски. Го повикувавме да биде гостин во нашето студио, но оттаму молк. Ниту еднаш не одговори на нашите покани – ниту позитивно ниту негативно. И кога тој излезе од тишината, се случи Гошинце, а многумина велат – се повторува сценариото од 2001 година…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top