| четврток, 6 декември 2018 |

Четириесетина воружени лица со ознаки УЧК влегле во Гошинце – заробените полицајци ослободени

goshince
Четириесетина добро вооружени лица во маскирни унформи и ознаки УЧК, ноќеска, околу 2 часот и 30 минути по полноќ заробиле четворица дежурни полицајци во станицата во Гошинце – јави МВР.

Според нив, тројца од службениците биле врзани со лисици, а едно лице било удирано. Водачот на групата испратил порака преку преведувач што зборувал на лош македонски јазик. Посочил дека ниту Груевски, ниту Ахмети нема да ги спасат.
-Ние сме од УЧК. Пренесете дека ни Ахмети ни Груевски може да ве спаси. Не сакаме охридски договори, никој не смее да дојде. Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава – посочил водачот.

Потоа им дале клучеви на полицајците да се одврзат и им рекле дека имаат половина час за да си заминат. Им ги искршиле радиостаниците и им ги зеле мобилните телефони,. Еден полицаец зел клучеви и ги одврзал колегите и пеш заминале кога слушнале долг рафал од автомат. Биле предупредени дека ако ги најдат повторно тука ќе бидат ликвидирани.

МВР посочи дека се работи за напад врз македонските институции, односно на караулата. Според нив терористичката група е од Косово. Полицијата презема дополнителни серозни мерки за расчистување на терористичкиот напад. Повеќе детали не се откриваат. Најавија дека е можно подоцна да излезат со нови информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top