| четврток, 6 декември 2018 |

Се пораѓа Кејт Мидлтон?

кејт

Британските медиуми пишуваат дека е можно денеска да се роди вториот наследник на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. Имено тие пишуваат дека е можно второто дете на кралската двојка да се роди четири дена пред терминот. Британските медиуми сè уште шпекулираат дали принцезата ќе добие момче или девојче, како што веќе беше најавено.

Освен тоа, се шушка дека  Кејт нема да се породи во Лондон, туку во Баклуриј, Беркшир или во Анмер Хали или, сепак, во вилата Мидлтон во Норфолк бидејќи оваа недела Кејт отишла да ги посети своите родители.

Ако се докаже дека шпекулациите се вистинити и Кејт роди денсека, кралицата Елизабета ќе има двојна причина за славење, имено таа денеска наврши 89 години, а би можело повторно да стане прабаба.

Економистите предвидуваат големо влијание на британската економија ако, навистина, се роди девојче. Во тоа влегуваат облози, сувенири, фотографии, а колку Британците се возбуденеи околу доаѓањето на новото кралско бебе, покажува фактот дека некои веќе дежураат пред болницата за која беше најавено дека ќе биде породувањето.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top