Украдени се 19.700 евра и златен накит од куќа во Дебар, сопственост на Б.И. (48). Според Министерството за внатрешни работи, кражбата е пријавена вчера во полициската станица „Дебар“.
Пријавено е дека во периодот од јануари до април годинава непознат сторител со прекачување и насилно отворање прозорец влегол во куќата од каде што одзел 19.700 евра и златен накит. Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.