| четврток, 6 декември 2018 |

Јана и Марко најчести имиња на новороденчиња во Аеродром

Baby-3
Општина Аеродром во текот на минатата година доделила 731 решение за еднократна парична помош за новороденчиња во висина од 5.000 денари, од кои 405 за машки, а 326 за женски деца.

Од нив 368 се првородени деца, 311 второродени, во 51 семејство има трето дете, а има и едно семејство со 5 деца, додека 14 семејства од општина Аеродром во 2014 година добиле близнаци.

Исто како и во 2011, 2012, 2013 година, и во изминатата 2014 година, најчесто име што им се давало на девојчињата од општина Аеродром е Јана, а кај момчињата Марко, но оваа година има и нов „победнички“ пар на имиња, а тоа се Ангела и Михаил. Исто така, има и многу деца кои се викаат Ана и Марија, како и Стефан, Матеј и Петар. Меѓу новородените има и деца кои имаат ретки имиња како што се Дениција, Дена, Калија, Григориј, Алексеј, Луна …

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top