Турскиот клуб Фенербахче го симна од тронот европскиот првак Макаби со триумф од 3-0 во победи во четврт-финалната кошаркарска серија во Евролигата.
Фенербахче во возбудлив финиш во Тел Авив по третпат го надигра актуелниот првак и со триумф од 75-74 го елиминира, а за себе обезбеди настап на завршниот турнир на најдобрите 4 екипи во Европа.
Клуч на победата на избраниците на Жељко Обрадовиќ беа поените на Ендрју Гаудлок на 9 секунди до крајот на продолжението. Американецот постигна 15 поени и беше втор стрелец кај учесникот на фајналфор турнирот, а најефикасен беше Никос Зизис со 19 поени. Кај Макаби, кој се прости од титулата најмногу поени, 21, постигна Џереми Парго. Во регуларниот дел беше нерешено 65-65.
Во вториот меч од вчерашната програма Панатинаикос ја победи ЦСКА Москва со 86-85 и намали на 1-2 во победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Распад-систем во Дарушафака, нема вајлд-карта, нема спонзор, ни тренер
-
Патот на Перо Антиќ до третата европска титула (видео)
-
Цепелинот на летечкиот Весели на прво место на најдобрите потези во финалето на Евролигата (видео)