Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје од сообраќајната полиција е извршен увид на девет сообраќајни несреќи.
Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и четворица пешаци.
Во текот на изминатиот ден од сообраќајната полиција се откриени и санкционирани 26 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци, 24 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото. Осум возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, како и шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, односно не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосниците.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од сообраќајната полиција се отстранети 84 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни активности во ОУ „Герг Кастриоти Скендер-бег“ со учениците од второ одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст