Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Од Бетон известуваат дека поради изведување градежни работи за санација на свлечиште Маврово, делницата од брана Маврово до село Маврово е затворена за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца почнувајќи од 16 април.
Сообраќајот за лесни возила се одвива по постојна девијација во согласност со сообраќајниот проект за привремен режим на сообраќај одобрен од Министерство за транспорт и за врски. Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку село Леуново.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.