Зоран Заев, лидерот на опозицијата и претседател на СДСМ треба да добие институционален одговор за неговото незаконско и антидржавно однесување, побараа граѓаните на Крива Паланка кои се потпишаа на иницијативата на Граѓанското дружење за одбрана на Македонија (ГДОМ). За само еден час, беа собрани над 550 потписи.
– Овие граѓани очекуваат час поскоро ова да заврши, и дека на овој циркус кој е во организација на Зоран Заев конечно ќе му се стави крај а целиот процес ќе влезе во судска постапка – изјави Алексанар Пандов, од ГДОМ.
За кривопаланчани, Зоран Заев одработува мрачно сценарио креирано од некои странски центри. Целта била, велат подржувачите на иницијативата, да се внесе страв и раздот во македонското национално ткиво, како и рушење на државниот систем.
– Во Македонија, работите се менуваат, сведоци сме на странски инвестоции, тука пред наши очи се создаваат работните места, ќе се вработат млади. Очекуваме во наредниот период во кривопаланечко да се отворат нови 5000 работни места, да се изгради пругата кон Бугарија, а со тоа да се јакне државата, младите ќе најдат вработување и перспектива“ – велат кривопаланчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крива Паланка: Се тепале во кафуле, побегнале од полициска станица и на крај прегазиле полицаец
-
Груевски: Се стремиме и понатаму да им служиме на граѓаните
-
Алексовски: Во Крива Паланка ќе воведеме гасификација и ќе изградиме населби за млади брачни парови
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Крива Паланка (живо)