| четврток, 6 декември 2018 |

Во Норвешка веќе нема да има ФМ радија

radio

Норвешкото Министерство за култура најави дека од 2017 година ќе започне процесот на целосно трансформирање на радио станиците со фреквенциска модулација (ФМ) во дигитални, со што ќе се стави крај на една ера.

Според министерството, дигитализацијата ќе им овозможи на норвешките слушатели поразновидни радиски содржини.

Раководителот на Норвешкото здружение на радиодифузери, Тор Гермунд Ериксен смета дека ваквата одлука преставува важен момент за сите оние што го сакаат радиото.

– Одлуката на Министерството ќе ни овозможи да се насочиме кон создавање на радиски содржини со висок квалитет – нагласи Ериксен.

Во моментов во Норвешка функционираат 22 дигитални радио станици и само пет ФМ радија.

Кај ФМ радијата звучните содржини се пренесуваат со менување на фреквенциите на радио сигналот. ФМ радиото е патентирано во 1933 година, но во последниве години со дигтализацијата на радио сигналите неговата ера се доближува до својот крај.

Сепак, според една американска студија од 2012 година, над 90 отсто од жителите на САД и натаму слушаат ФМ или АМ радио станици барем еднаш неделно, иако е забележан тренд на пораст на слушањето радио преку интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top