Научниците од Институтот за медицински науки во Иран „Shahid Sadoughi“ откриле дека тие што секој ден ќе изедат лажичка мелен ким губат од тежината дури три пати побрзо од луѓето кои се на диета, но не го консумираат тој зачин.
Во истражувањето учествувале 88 жени со прекумерна тежина. Сите тие во текот на истражувањето го намалиле дневното внесување калории за 50 и ги следеле советите за здрава исхрана.
Меѓутоа, половината испитанички секојдневно консумирале 3 грама ким во прав помешан во немрсен и незаблажен јогурт.
По три месеци, групата која консумирала ким слабеела побрзо. Во просек загубиле 1,5 килограм повеќе од жените кои не консумирале ким. Освен тоа, им биле намалени и мастите во телото за 14 отсто.
Кимот им помогнал значително да се намали нивото на лошиот холестерол. Научниците го објаснуваат ова со тоа што кимот содржи изобилство од фитосфероли кои имаат способност за апсорпција на холестеролот, а содржи и материи кои го забрзуваат метаболизмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст