| четврток, 6 декември 2018 |

Војниците во АРМ добиваат поквалитетна храна

arm

Во рамки на пакет-проектите за подобрување на животниот стандард на припадниците на АРМ, денеска во скопската касарна „Гоце Делчев“ министерот за одбрана, Зоран Јолевски, го промовира новиот правилник за исхрана, во чиишто рамки ќе се нуди поквалитетена и побогата исхрана.

Целта на измените, кои како пилот-проектот се пачнати во Воената академија, изјави министерот Јолевски, е храната што ја добиваат војниците да биде многу поквалитетна и да се искористуваат прехранбените производи кои ги имаме во Република Македонија и се многу квалитетни.

– Една од новините е што, како и во други армии од земјите-членки на НАТО, начинот на исхрана да биде самопослужување. Дел од храната е супа, чорба, салати и разни десерти, односно овошје – рече Јолевски. Според него, со ова сериозно ќе се подобри квалитетот на исхраната во АРМ.

Тој најави можност и за рестартирање на кантините во рамки на гарнизоните, каде што професионалните војници ќе можат да добиваат по поволна цена квалитетна храна.

– Во целиот пакет на подобрување на животниот стандард на припадниците на АРМ почнуваме со ревновирање на одреден број згради во рамки на касарните со цел да имаат многу подобри услови за функционирање. Го почнавме проектот „АРМ мој вистински дом“, а изградбата најверојатно на првата зграда ќе почне крајот на летото или почетокот на есента – изјави министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Задоволство од новиот правилник за исхрана изразија питомците од четврта година на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, Мариса Биберовиќ и Александар Анѓеловски, кои сметаат дека сега се дава поголем избор и може да се зема храна онолку колку што сметаат дека ќе ги задоволи нивните потреби, а тоа влијае врз нивната физичка подготвеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top