Директорот на американското Федерално истражно бито (ФБИ), Џејмс Коми предизвика бурна реакција во полската политичка јавност, откако ги обвини Полјаците за „соучество“ во погромот на Евреите и за холокаустот во текот на Вторатата светска војна.
Во авторски текст во „Вашингтон пост“, Коми во обид да укаже на недоволните познавања за вистината за холокаустот, како и за недовербата дека се случувале злосторствата, напиша дека во свеста на тие луѓе постои верувањето дека „убијците и нивните соучесници во Германија, Полска и Унгарија и во многу други земји не направиле никакво зло“.
Споменувањето на Полска, како „соучесник“ предизвика гневни коментари во политичкит врв на земјата.
Полскиот претседател Бронислав Коморовски изјави дека коментарот на директорот на ФБИ претставува „навреда“ за сите Полјаци кои учествувале во спасувањето на Евреите.
Премиерот Ева Копач рече дека Полска не била никаков соучесник, туку само жртва на нацизмот во текот на војната, па затоа е потребно оние кои говорат за тоа врема да знаат што зборуваат.
Во текот на Вторатата светска војна, околу шест милиони Полјаци, од кои три милиони полски Евреи, беа убиени во логорите на смрта на нацистичка Германија.
Министерството за надворешни работи во Варшава го повика американскиот амбасадор во Полска, Стивен Мал за да му вложи протест.
Подоцна амбасадорот Мал изјави дека за САД е сосема јасно оти „само нацистичка Германија е одговорна за злосторствата кон Евреите и за холокаустот“.
Мал, кој вчера учествуваше на комеморацијата по повод 72-та годишнина од востанието во Варшавското гето, рече дека е „погрешно и навредливо“ вовлекувањето на Полска и на други земји во нацистичките злосторства кон Евреите во време на Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени