Речиси три децении по објавувањето на неговата пионерска критика на западните главни медиуми, Ноам Чомски сѐ уште верува дека медиумите се соучесници во „произведување согласност.“
Во 1988 година, познатиот лингвист и политички научник Ноам Чомски беше коавтор на книга со Едвард С. Херман, во која тврди дека западните корпоративни медиуми „произведуваат согласност“ во интерес на доминантните и елитните групи во општеството. Чомски, на кој некои му се восхитуваат за интелектот, а други го обвинуваат дека е наклонет против Америка, тврди дека пропагандата е сеприсутна во т.н. слободни медиуми на Западот.
Многу работи се променија во дваесет и седум години откако беше објавена книгата „Произведување согласност“. Имено, моделите на медиумска сопственост што Чомски ги критикуваше се менуваат, сликата е потполно сменета, најмногу поради појавувањето на социјалните медиуми и други интернет платформи.
Сепак, Чомски верува дека малку работи се промениле во неговиот модел на „произведување согласност“.
Во интервју за „Бајлајн“, Чомски дискутира за медиумската слика, велејќи дека и покрај приливот на нови извори и нови платформи, неговата „основна анализа сѐ уште е иста.“
Иако влијанието и досегот на традиционалните медиумски конгломерати исчезнале поради алтернативните платформи, како што се „Фејсбук“ и „Твитер“, Чомски тврди дека пристапот на јавноста до информации е ограничен низ истата рамка.
– Не користам „Твитер“ бидејќи ништо не ми кажува. Ми го кажува мислењето на луѓето за многу нешта, но многу кратко и површно и не ги содржи најважните вести – вели тој.
Всушност, и спротивно на популарното мислење, појавата на овие алтернативни платформи ги намали изворите на тоа што тој го нарекува „најважни вести“.
– Има новинари што одат на местото на настанот, каде што се случуваат главните настани, но сега ги има помалку од претходно, што значи намалување на изворите на вести. Тоа што го гледате се локалните вести, делчиња од вестите на интернет, делчиња за „Њујорк тајмс, а многу малку други работи – тврди тој.
Друг проблем што продолжува да доминира во медиумите, според Чомски, е потпирање на реклами. Во „Произведување согласност“, тој пишува дека медиумските организации, за сите намери и цели, бизниси и сл. се водат по побарувачката на потрошувачите. Во случајот со медиумите, потрошувачите се тие што рекламираат. Тоа значи дека ние, како гледачи, сме производ што се продава на тие што прават реклами. Овој модел, според Чомски, сѐ уште добро функционира.
– Производот што се презентира на пазарот се читателите (или гледачите). Тука, во главно, се работи за големи корпорации што обезбедуваат публика и за други бизниси и што значително го обликуваат карактерот на институцијата – објаснува тој.
Тоа што се случува денес, организациите како што „БазФид“, што користат „природно рекламирање“ – реклама што одговара на содржината на една статија во весник или приказна – се засилување на нешто што не треба да постои.
За време на интервјуто, Чомски, исто така, се осврна и скандалот со НСА што беше покриен од „Гардијан“ и од „Вашингтон пост“ откако Едвард Сноуден обелодени документи за инвазивната програма за надгледување на агенцијата.
На прашањето дали мисли дека покриеноста на скандалот со НСА го поразува неговиот модел бидејќи работи против „елитни групи“, Чомски одговори не.
– Бизнис-моделот е сосема подготвен да го толерира разоткривањето дека владите интервенираат во личниот живот бидејќи не сакаат моќни и нападни држави – објасни тој.
Тој дополнително истакна дека денешната бизнис заедница повеќе придонесува за кршење на приватноста отколку владините агенции, како НСА, особено поради тоа што се потпира на рекламирањето.
„Гугл“ и други, се разбира, имаат огромен надзор врз личните податоци на поединци, нивните навики и интеракции итн. и може да го обликуваат начинот на кој им се презентирани информациите. Тие повеќе вршат надзор отколку НСА“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст