| четврток, 6 декември 2018 |

Руско признавање на сепаратистичките републики во Донбас ќе го заостри конфликтот

донбас

Евентуалното признавање на семопрогласените „народни републики“ во Донбас како независни држави од страна на Русија, екстремно ќе го искомпликува мировниот процес на истокот од Украина, предупреди германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.

– Територијалниот интегритет на Украина мора да се зачува – порача Штајнмајер, додавајќи дека тоа е предвидено и со Договорот од Минск за прекин на огнот во Украина, на што се согласија сите потписници, вклучувајќи ги и проруските сепаратисти од Донбас.

Како што јави Укринформ, ваквата изјава на Штајнмајер уследи откако рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучи можноста Русија да ја признае независонсота на самопрогласените „Доњецка Народна Република“ (*ДНР) и „Луганска Народна Република“ (ЛНР).

Во саботата прорускиот сепаратистички лидер од Доњецк, Александар Закарченко побара од Киев да ја признае независноста на сампрогласените „народни републики“ во Донбас

– Договорот од Минск за прмирје во источна Украина нема да успее се додека Киев не ја признае независноста на ДНР и ЛНР – изјави Закарченко за Би-Би-Си, оценувајќи дека украинската Влада „не го спроведува правилно“ Договорот од Минск, затоа што, според него, „не сака да ги реши сите прашања“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top