Шефот на канцеларијата на Светска банка на Косово, Јан Петер Олтерс, овие денови јавно ги критикуваше косовските политичари истакнувајќи дека над 15 години не успеваат да го извлечат Косово од тешката општествено-економска состојба и ги обвини дека се најодговорни што цела држава и општество стагнираат.
Олтерс рече дека политичките лидери на Косово, тие на власт, но и опозицијата, се одговорни што од крајот на војната во 1999 година, Косово се уште не најде пат по кој ќе се развива, додека партискиот интерес е единствен кои косовските политичари го имаат предвид кога одлучуваат за државните работи.
Со остар јазик, овој меѓународен функционер ја обвини политичката елита на Косово дека поради своите тесни интереси ја упропастуваат државата, која веќе со години лизга во се подлабока социјална и економска криза, со голема стагнација во образованието, здравството, јавните услуги, власт која ги помешала приоритетите и политиката која живее на грбот на граѓаните.
Да, Јан Петер Олтерс е сосема во право. Потпишувам се што кажа и повеќе од тоа. Бидејќи во своите изјави, човекот од Светска банка кој е задолжен за работите на Косово, само го повтори она што ние тука, медиумите, граѓанското општество, граѓаните, веќе со години го зборуваме: власта ни е премногу корумпирана и криминализирана за да може да изгради држава во која би владеело правото, која развива економија и постои за на сите граѓани да им пружи што подобар живот.
Но, некој би рекол, едно е кога тоа ќе го кажат локалните луѓе, за кои со голема сигурност може да се тврди дека имаат и свои приватни мотиви за критикување на власта (љубомора, ривалство, одмазда и взаемна нетрпеливост, се сосема сигурно влијателни фактори кога еден Балканец дава суд за друг Балканец), а нешто сосема друго е кога тоа истото ќе го каже некој од страна, некој од висика меѓународна позиција и официјален ранг!
И тоа го потпишувам! Постои разлика, и тоа каква! Огромна!
Сега, кога Олтерс кажа се што кажа, на сите ни е кристално јасно дека веќе одамна сме во фаза кога нашите власти не само што не се загрижени што вели народот, туку воопшто не им е гајле ни за тоа што велат странците. Дури и кога тие странци доаѓаат од највисоки меѓународни позиции.
Разликата е што сега, всушност, целосно дознаваме дека власта е корумпирана до таа мера што повеќе и не им е срам што секојдневно ги фаќаме на дело! Не само ние, туку и сите олтерси на светот!
Нашите т.н. државни политички лидери зграбија толкава власт, моќ и богатство, па со причина се чувствуваат несовладливи, непобедливи, незаменливи!
Што значи, свесни се тие дека самата таа меѓународна заедница, која го испратила Олтерс на Косово, во одреден момент нему ќе му рече: Ете, кажа што ти беше на душа, сега можеш мирно да спиеш, а ние ќе продолжиме со работата како и до сега!
Business as usual!
Ех, да! Business as usual. Тоа е всушност клуч на целата приказна. Магичен збор, кој ни објаснува се.
Бидејќи, тоа што Олтерс не го наведе во своите критики, е тоа што сите ние го прашуваме, а никој да се најде да ни одговори. А каде беше таа моќна, меѓународна заедница, додека ние пропаѓавме во тој општествено-економски-
Каде беа сите овие години Светската банка, ЕУ, Обединетите нации, демократските држави од Западот и ОЕБС и ММФ и ЕУЛЕКС и Советот на Европа и сите тие високи претставници кои таа меѓународна заедница ги праќаше на Косово, додека Косово пропаѓаше?
Што правеа сите тие додека Косово пропаѓаше?
Одговорот е очигледен: сите беа тука на Косово, свртувајќи глава и затворајќи очи, додека политичарите крадеа и го пустошеа општеството.
Сите беа тука, помагајќи им на тие исти лидери кои сега ги куди Олтерс, дека ги прават истите тие работи за кои сега ги обвинува.
Таа меѓународна заедница за цело време беше соучесник во тоа злосторство што над Косово го направија косовските властодршци. И тоа за нив, цело ова време беше обичен: Business as usual!
Не се ни загрижени за обичните луѓе кои само си ја работат својата работа.
Што би рекол некој: Men at Work!
(Вијести – Подгорица)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст