| четврток, 6 декември 2018 |

Жените се најубави кога имаат 30 години, мажите на 34

Луѓето се најубави во своите триести години, покажаа истражувањата во кои се наведува дека жените се најубави во 30-та година, а мажите се најзгодни во 34. та година.

Истражувањата, во кои учествувале 2.000 луѓе покажале дека жените зенитот го достигнуваат во 30. година, знаците на стареење стануваат видливи во 41. година, престануваат да бидат секси во 53. година, а стари се веќе со 55 години.

mazi

Мажите најдобро озгледаат во 34. година, а знаците на стареење се видливи во 43. година. На 58 години веќе не излгедаат така добро како порано, а веќе следната година се стари.

– Во минатото се сметаше дека луѓето се најубаво во доцните дваесети години. Денес се се сведува на спречување на стареење. Секој ден среќаваме луѓе кои имаат повеќе од 50 години, а изгледаат неверојатно – изјави Џулија Мекензи од истражувачкиот тим.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top