| четврток, 6 декември 2018 |

Американската војска во шок: Не може да ја спречи изградбата на кинеските аеродроми во море

Кинеската влада создава вештачко копно над потопените гребени во архипелагот Спратли. Дел од островот ќе биде искористен за делување во вонредни ситуации во регионот, но Пекинг исто така вели дека островите ќе бидат користени како воени одбрамбени бази што ги загрижува официјалните лица во Вашингтон кои веќе на големо се загрижени од растечкото влијание на Кина.

Изградбата почна минатата година, а Фри Крос сега веќе го има првиот аеродром во јужнокинеското море. Околу 500 метри веќе се избетонирани, а се очекува пистата да биде долга 3 километри. Тоа е сосема доволно да поддржи воени транспортни авиони и бирбени авиони.

Сателитските фотографии покажуваат дека уште еден аеродром со писта од 3 километри е во изградба на гребенот Субу на уште еден остров во истиот архипелаг.

Фири Крос исто така ќе поседува и свое пристаниште на југозападниот дел од островот што може да се види на сателитските фотографии.

Малку е да се рече дека американските официјални лица се исплашија поради овие градби.

-Во интерес на САД е да се сочува мирот и безбедноста во Јужнокинеското море, рече портпаролот на Стејт департментот на САД за „Ројтерс“. Сметаме дека милитаризирање на копнени површини во регионот не е во склад со желбата за одржување на мирот и стабилноста.

Меѓутоа и покрај својот интерес за „мир“, војската на САД постепено го зголемува своето присутво во регионот. Морнарицата на ѓа на Филипините за да следи што се случува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top