| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Маџиров читаше стихови заедно со Ричард Бланко во Конгресниот центар во Минеаполис

Никола Маџиров во преполната хала со над 300 луѓе во Конгресниот центар во Минеаполис во САД, настапи заедно со Ричард Бланко, поетот кој Обама го избра да чита на неговата втора инаугурација за претседател на САД. Ричард Бланко и Маџиров се надоврзуваа, наизменично читајќи поезија поврзана со мотиви од детството и бегствата. Бланко се изрази позитивно за поезијата на Маџиров, зборувајќи за различните и мали култури и пресвртот во неговата поетика по преселбата во САД. Следеше потпишување на нивните книги, а сите примероци беа за кратко време распродадени.

So Richard Blanco - vo SAD

Традицијата со поетски читања на инаугурациите на американските претседатели ја започнал Кенеди во 1961 година, со поетот Роберт Фрост, а Бил Клинтон во 1993 година ја избрал легендата на афро-американската поезија, поетесата Маја Ангелоу. Читањата на Маџиров беа архивирани од американската Асоцијација на писатели и програми за пишување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top