Болест чии симптоми вклучуваат главоболка, губење на тежината, замаглен вид и губење на свеста ги убива своите жртви за 24 часа од појавата на првите симптоми. Од мистериозната болет досега умреле најмалку 17 лица на југоистокот на Нигерија, соопшти денеска владата на оваа земја. Мистериозната болест се појави на почетокот на неделава во градот Оде Иреле, пренесе АФП.
Се наведува дека лабораториските тестови ја исклучиле еболата или било кој друг вирус. Во градот Оде Иреле стигнаа здравствени работници и стручњаци од владини и од хуманитарни агенции како и епидемиолози од Светската здравствена организација.
СЗО соопшти дека има информации за 14 случаи на заболени од кои 12 се мртви. Покрај 17 мртви во изминатите 72 часа не е забележан ниту еден нов случај на заболени е таа не се приширила вон градот. Претседателот на СЗО Тарик Јашаревиќ рече дека примероците од крвтта, урина и ликвор од две жртви се испратени на анализа во Универзитетската билница во Лагос, но резултатите сеуште не се готови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


