Еден албански државјанин е убиен а друг тешко ранет на боиштата во Сирија, како припадници на ИД. Двајцата, на триесет годишна возраст, неколку години биле емигранти во Италија и за Блискиот Исток заминале од италијанскиот град Спезиа, пишуваат албанските медиуми .
Нивниот идентитет не се наведува, но италијанските бебедносни служби водат истрага за да ја расветлат „италијанската“ историја на двајцата емигранти. Италијанските медиуми наведуваат дека секторот за антитероризам во Италија го истражува периодот во кој тие престојувале во Италија, со кого се дружеле, кој ги регрутирал и испратил за Сирија.
Спред албанските медиуми, откако стигнале во Сирија, по куса обука во еден камп биле вклучени непосредно во борбените редови. На боиштата во Сирија и Ирак неофицијално се тврди дека се борат над 150 албански државјани, а до сега нивни роднини ја потврдиле смртта на петнаесет. Бројката пак на убиени Албанци од Балканот се искачи на шеесеттина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


