–Оваа година ќе почнат инвестиции вредни 4.3 милиони денари во изградба на нови регионални и локални патни правци, од кои најголем е новиот експресен пат со 4 ленти чија градба треба да почне ова лето, од Градско до Прилеп инвестиција од 70 милиони евра. Другите патишта се: Прилеп – Маркова Чешма во должина од 1,41км вредност од 12,1 милион денари, локален пат с. Лениште – Манастир Св. Петка во должина од 0,88км со вредност од 6,6 милион денари. Во Април ќе започне реконструкција на железничката станица во Прилеп на која ќе пристигаат и новите шест возови, и се ова со најголем напор на Миле Јанакиески, човекот кој заедно со Марјан Ристевски направија најмногу за оваа општина и овој регион, истакна премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир во Прилеп.
Тој истакна дека има уште стотици и стотици проекти за Прилеп и за овој регион, кои се изградија или се градат или наскоро ќе почнат со реализирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст