Се изнаслушаа ветувања од СДСМ.Никогаш не ја добија толку бараната загарантирана со закон минимална плата. ВМРО не ја вети, но ја обезбеди, како што ги обезбеди и сите работници кои работеа во доминантно државни фирми а отидоа во стечај. Одејки на терен слушнавме за уште едно барање на многу работници, на кое веќе изнајдовме решение кое наскоро ќе се преточи во закон. Тоа е бараното од многумина право на откуп на стаж за работници кои работеле во фирми кои се пропаднати поради стечај или слични причини и кои подолго време не работат и постојат. Со новите зааконски измени кои ќе следуваат, се предлага работниците од ваквите фирми да можат да си го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за неплатени придонеси заклучно со 31.12.2008 година (со оглед дека од 1.1.2009 започа системот на интегрирана наплата на плати и придонеси), по намалена стапка – рече премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, каде дојдоа огромен број граѓани, симпатизери, поддржувачи и членови на владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



