Освен што си ја дал душата кај нарачателите на сценариото од странство, лицето ЗЗ си ја продал и столицата кај соросовиот институт во Скопје и неговите први луѓе и пајташи. И така во СДСМ во моментов има освен страшна криза на лидерство, и една шизофрена ситуација во која прво Милчин излегува со став и го потсетува Заев што треба да прави и потоа следи некое ,,револуционерно“ интервју на Заев пак на некој портал или медиум финансиран од Милчин со кој го потврдува тоа што милчин или некој од таа групација веќе јавно го кажал. Толку понижувачки е тоа што ми е просто непријатно да го говорам. А тие луѓе паралелно на тоа со такво потценување говорат за него, видете не дека тоа не е вистина, тука единствено можам да се сложам со него, но дури ни нашите членови не го исмеваат така и не го имитираат како овие зад грб. А од друга страна тие му се идоли, до неодамна недостижни величини на кои веројатно им ги читал колумните и им се воодушевувал колку знаат убаво да пишуваат. Абе идоли, прави идоли. Е идоливе на Заев, инаку одамна пропаднати политичари со целосно и неповратно загубена доверба кај народот, сега тотално го контролираат СДСМ и му наредуваат на овој што да прави. Нормално за возврат на располагање му оставаат за да ја тера нивната кауза со над 10 милиони евра годишно со кои финасираат разни невладини и медиуми кои целосно ги контролираат. Е сега некој ќе праша едно логично прашање: па добро кај е Бранко во приказнава? Е тука има сосема логичен одговор кој секој лојален сдсмовец ќе го каже како од пушка – епа Бранко нели е на ниво на Бог, а пошто Бог е насекаде, така и Бранко е насекаде. Барем низ штабот и низ материјалите. Или барем до изборот на Пендаровски или Жерновски за нов лидер на СДСМ – рече премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир во Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



