-Го гледам пред некој ден Зоран Заев така засилен и раскомотен малку, подолабавена кошулата демек неформален е , вика гордо, ако треба и крв ќе падне. Слушам не ми се верува, враќам назад, пак слушам, стварно тоа го збори, си викам абе човек, седи мирен и не си играј играчки, тешки зборови кажуваш, не си играј играчки, да не те лаже ѓаволот да правиш глупости, зашто ако седиме мирно и те пуштаме на глава да ни се качуваш, не значи дека ќе дозволиме и граѓански конфликт да направиш. Немој да спиеш те молам на тоа уво дека некој ќе ти дозволи да си играш со безбедноста на државава, не лидер на опозиција, што сакаш биди – рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешниот народен собир во Прилеп.
Според него Заев не свесен што зборува, кажува куп глупости, на секои два дена тотално спротивни работи говори, еднаш едно потоа сосема спротивно.
-Не е ни чудо што голем број на претставници на меѓународната заедница кажуваат веќе нескриено дека овој човек нема елементарен капацитет, ниту морален интегритет да биде лидер на опозицијата. Не е ни чудо што оваа операција не им успева. Граѓаните не може да бидат излажани – рече Груевски, кој призна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ има свои грешки.
-Си ги знаеме мааните и знаеме како да ги корегираме, но јас знам, и граѓаните знаат дека СДСМ со ваков начин на однесување и со ваков кадар никогаш нема да биде соодветна алтернатива за ВМРО ДПМНЕ. И не е ни чудо што со оваа цела операција ништо не направија, освен што закрвија народ, и поставија основ за секаков вид на проблеми и конфликти. Тоа всушност беше и целта на неговите нарачатели – вели Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



