| четврток, 6 декември 2018 |

Посетите на „ју тјуб“ ќе се наплаќаат?

„Ако „ју туб “ е држава, тогаш таа би била трета земја во светот по големина, веднаш по Кина и Индија - изјавија од „ју туб“, а пренесува „Франс прес“.

Најпопуларниот видеосервис на светот, „ју тјуб“ секој месец го посетуваат повеќе од милијарда корисници, а тој број расте потојано поради се поголемата употреба на паметните телефони. „Гугл“ објави дека нивниот видеосервис го посетува секој втор човек на светот кој користи интернет.

you tube

„Ако „ју тјуб “ е држава, тогаш таа би била трета земја во светот по големина, веднаш по Кина и Индија – изјавија од „ју тјуб“, а пренесува „Франс прес“.

„Гугл“ во 2006 година го купи „ју тјуб“ за 1,65 милијарди долари. Оттогаш, па се до денес, „ју тјуб“ се разви во сервис кој не нуди само музички материјал и аматерски видеоснимки, туку и професионална содржина, телевизиски емисии и филмови, поради што привлекува голем број огласувачи. Не е исклучено, во наредниот период „ју тјуб“ да воведе  претплата или некој друг модел на плаќање за да можат да се прегледуваат содржините.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top