МВР го потврди грабнувањето на советникот во Општина Центар. Според МВР тој пријавил дека бил грабнат од две лица.
-Советникот во Општина Центар лично во полициската станица во Центар пријавил дека на крстосницата на улицата „Васил Ѓоргов“ и улицата „Франклин Рузвелт“ околу 02.00 часот додека шетал со другари бил пресретнат од три машки лица со автомобил марка „Форд Фјужн“ сива боја со непознати регистерски таблици при што од страна на две лица биле физички нападнати. Во еден момент тој бил присилно внесен во автомобилот, возен 5-6 минути и фотографиран“ – велат од МВР.
Нетрес веќе објави дека советникот Јордан Ристевски кој истовремено е и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар бил нападнат од активистите на СДСМ В.С. роден 1974-та година и Д.Д. роден 1981-ва година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст