Источен петок, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој ден верниците одат на најблискиот извор и се измиваат поради лекување од многу болести. На тој ден кој е посветен на прославувањето на Пресвета Богородица која на тој ден во богослужењето се нарекува Живоносен источник. Востановувањето на овој празник се случил во храмот крај еден извор блиску до Цариград кој се викал „Животоносен источник“, кој го подигнал царот Лав Велики (V век). Според преданието, во една прилика уште додека не бил цар на Византија во шумата пронашол слеп човек кого го одвел до изворот го напоил и го измил, а потоа слепиот прогледал. Кога станал цар, на местото каде што ова се случило изградил храм во знак на благодарност на Пресвета Богородица, а народот веднаш почнал да пристигнува од сите страни барајќи и наоѓајќи лек за многу болести.
Обичај е во зорите да одите до најблискиот извор или поточе каде може да се измиете, да пиете вода и да наберете цвеќе и весели да се вратите дома дури доцна вечерта. Денешниот празник, како слава некаде го прославуваат сопствениците на ресторани, во некои места на овој ден жените не работат потешки работи, во некои села се бојадисуваат јајца исто како за Велигден само што овојпат им се наменети на мртвите. Во некои места овој празник се прославува и како селска слава когае обичај да се заколе јагне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Верувања за Митровден: Ако синоќа не сте спиеле дома, цела година ќе…
-
Грчки владини извори: Преговараме со два јасни услови, меѓу кои и промена на уставото име на соседот
-
Внимавајте: Ако ви паднало копче значи лош знак, ако го најдете – не земајте го
-
Народни верувања: Како во куќата секогаш да имате пари